Tribute to Климатизирано

НЕ

Господине Матеј, НЕ, заради мојот прадедо од Морарци и мојата прабаба од Грамадна; села (во Кукуш) кои веќе не постојат.

НЕ, заради мојот дедо, кој само на “свижден” (ден за средба) – еднаш во годината можел да ги види своите братучеди од Бугарија; НЕ, заради неговите солзи кога ми ја раскажуваше приказната.

НЕ, заради брат му на мојот друг дедо, кој никогаш не сум го видел, зошто бил депортиран во Марсеј; и НЕ, зошто за 40 години само еднаш се виде со своите браќа и сестри (и тоа во Марсеј, а не овде).

НЕ, заради човекот во Воден, кој на мајка ми и шепнал: “Зборувај по нашки, Македонец сум.”, кога таа се обидувала да го праша нешто на англиски.

НЕ, заради еден мој пријател од XXX (по потекло од XXX), кој кога присуствуваше на Литургија во Скопје, се расплача зошто ја гледа Црквата во Македонија жива и зошто ја слуша Литургијата на свој јазик; и НЕ, заради неговиот XXX, кој е свештенослужител во XXX, и му е забрането да служи на македонски јазик. (XXX се ставени зошто ликовите би можеле да имаат евентуални проблеми).

НЕ, заради една бабичка која живее во едно воденско село и прави најубави манџи и пити на свет.

НЕ, заради пра прадедо ми, кој бил комита и чиј јатаган сеуште го имам.

НЕ, заради дедо ми, кој бил партизан.

НЕ, заради вујко ми, кој беше на фронтот во Никуштак.

На крај, господине Матеј, НЕ, заради овие старички и старци, и НЕ, заради нивните солзи:

Господине Матеј, ти ги повреди моите чувства со што ме тераш да се откажам од себе си. Не се труди да ги најдеш селата на моите предци на мапа, господине Матеј, ги нема веќе. Јас пробав и со Google Earth. Попусто. Таму кај што Грк се покакал, ништо не вирее. Господине Матеј, погледај ги видеата, па пресуди сам зошто сум доволно луд за да не се откажам од себеси.

24 February, 2008 Posted by detlic | Родољубие | | 1 Comment

Македонија и точка!

Јас сакам да сум Македонец, кој живее во Македонија. Ниту во Р. Македонија ниту во Др. Македонија, ниту во м-р. Македонија. Македонија и точка!

И еден специјален поздрав до г-дин. Матеј на Нимицови, до Даринка Бојковска и до мојот пријател Димитар од Аргос, Грција.

23 February, 2008 Posted by detlic | Родољубие | | No Comments Yet