Tribute to Климатизирано

Соната за виолина број 9

Сонатата за виолина број 9 е пишувана во А дур повишено. Ја искомпонирал Бетовен во 1802. Сонатата има доста емоционална содржина. Се состои од три дела (во вкупно траење од 37 минути): првото движење е претежно гневно, второто движење е медитациско, а третото движење е весело и богато. Трите дела на сонатата се:

  • 1. Adagio sostenuto — Presto — Adagio

  • 2. Andante con variazioni

  • 3. Presto

Интересно е што крајот првично е компониран за соната за виолина и пиано од порано, Опус 30, број 1, исто така напишана во А дур повишено. Нема да навлегувам во критичкиот дел на објаснување на сонатата. Можам само да кажам дека сонатата е прекрасна. Постојаната игра на виолината и пианото, нивното претекнување, на моменти дури и напнато натпреварување, те доведуваат до исчекување што ќе се случи, притоа оставајќи те во спокој. Едноставно, ги затворате очите и уживате во прекрасните звуци.

Сепак, главниот момент поради кој се решив да пишам, е приказната за настанувањето на оваа соната: Во 1803 година, најпознатиот виртуоз од тоа време, Џорџ Бриџтаур од Лондон (мулат, мајка му била од Полска, а татко му од Индија) отишол во Виена да се види со Бетовен. Почнале да свират заедно, и Бетовен бил воодушевен. Не било за чудење, затоа што Бриџтаур бил со исклучителни музички таланти. Свирел во замокот Виндзор пред кралот Џорџ Трети, и на други познати места во Англија. По барање на Англичанецот, Бетовен се согласил да напише соната за виолина, и двајцата да ја изведат на прочуениот утрински концерт во павилионот Огартен. Скриптурите од сонатата Бетовен му ги дал на Бриџтаур ден пред изведбата. На премиерата се собрала блескава публика, принцови, британскиот амбасадор, и други мецени на музиката.

Во 35иот дел од првото движење, Бетовен напишал ноти за изведба на пиано, кои се протегале низ неколку октави. На тој дел ставил ознака, повторувај! После секое повторување на Бетовен, Бриџтаур истото го исполнувал на виолината. Бетовен го наѕрел погледот од пианото кон својот пријател, со восхит и вчудоневидување, претрчал низ сцената, го гушнал Бриџтауер, се вратил назад и продолжил да свири.

Изведбата била полн погодок. На прославата после изведбата, Бетовен изјавил дека оваа соната за виолина му ја посветува на Бриџтаур. На почетокот од насловната страна на скриптот напишал: Sonata per uno mulaticco lunattico (Соната за чукнат мулат). Подоцна истиот ден, двајцата пријатели пиеле, и Бриџтаур рекол нешто погрдно за некоја жена, познаничка на Бетовен. Бетовен збеснал. Побарал од Бриџтаур да му го врати скриптот, луто викајќи му дека ја повлекува посветата. Уште рекол, наместо тебе, оваа соната му ја посветувам на најголемиот виртуоз по виолина во цела Европа, кој живее во Париз. Бриџтаур го молел Бетовен да се предомисли, но овој бил цврст во својот став. Дури и после недела дена, кога Бриџтаур заминал за Полска во посети роднини, кавгата и раздвоеноста не зараснала. Никогаш повеќе не се сретнале. Бриџтаур пред да се упокои, живеел во сиромаштија во јужен Лондон.

Големите луѓе во своето време, не оставаат длабоки траги во историјата. Кој бил големиот виртуоз од Париз? Се родил во Версај, а починал во Женева. Бил ученик кај татка си, кој пак бил музичар во кралската капела. Овој голем виртуоз свирел како солист до 1810 година, истовремено работел и како професор по виолина на Парискиот конзерваториум. Бил автор на многу техники на свирење, кои биле предавани на конзерваториумот. Исто така, бил главен во Париската опера, а од 1817 година, станал и диригент. Се запознале со Бетовен во 1798 година, пет години пред Бетовен да ја напише сонатата. Кога му ја донеле сонатата, ја прогласил за несвирлива. Рекол дека Бетовен немал разбирање за виолина, и дека Бетовен не може да пишува сонати за виолина, кога никогаш не ни свирел јавно на виолина.

Реков, големите луѓе на своето време, не се паметат многу. Сепак овој останал запаметен, благодарение на Бетовен, поточно, гневот и суетата на Бетовен. Е па, кој е тој човек? Се вика, Рудолф Кројцер, а сонатата и ден денеска е позната како Кројцерова соната.

29 August, 2008 Posted by detlic | музика | | No Comments Yet

Генерација на 90-тите

Отсекогаш ме интересирало како се одредува декадата на која припаѓа нечија генерација. Дали сум од осумдесетите, девеесетите или нултите? Најверојатно, декадата кога го живееме периодот на пубертет може да го земеме како генерацијата на која припаѓаме.
Како и да е, денеска ми се слушаше нешто ретро, а во главата ми се уврте Мамбо намб`р фајв, па си ја пуштив да ја гледам (на јутјуб). Следуваа и други хитови од 90тите. Па ми текна, како чекавме со душа да дојде понеделник, за да се пушти музичката емисија на една од локалните телевизии. Даваа 10 спотови, од кои 3 предлога; па се јавувавме да гласаме за фаворитот, па следуваа награди (радио касета разбира се) и тн. Највозбудливо беше снимањето на спотови. Кога ќе решиш да си направиш видео касета со спот, на почетокот е лесно, затоа што немаш ниедна песна. Ама после 3-4 недели кога ќе се вртат истите песни, колку возбудливо беше кога ќе снимиш некоја песна од новите предлози, а сеуште не си ја имал. Тоа беше понеделникот. Утредента во школото се прераскажуваше како и што, најнови трачеви за водителката/водителот, за спотот, за пеачите (Кели фемили имале сообраќајка, па немале сообраќајка, ама јас видов во Браво – тоа германското списание – , абе ајде, Браво, таму глупости се пишуваат, па по слух ќе си ја испееме песната, и на одморите ќе си ја потпевнуваме и така натаму). Вторникот вечер следеше пандан емисија на конкурентската локална телевизија. Средата повторно со ист жар и интензитет следат прераскажувањата. Е во среда и четврток… штом не ми текнува што имало, немало нешто интересно. A петок и сабота, песните шо ги слушавме на телевизија се пуштаа во диската и кафичите. Хмм.. во тоа време немаше играчници, компјутер студија и слично, па социјалниот момент го остварувавме токму во тие места, иако како помали, навратувавме и во флиперниците. Но, тоа е друга прикаска.

Фан Фектори (ду а диди диди дам диди ду)

Мистер Президент (Коко Џамбо)

Гала (Фрее фром дизајр)

Сквизер (Блу џинс)

Венга бојс (шалала)

Питер Андре (Мистириас грл)

Макарена

И дефинитивно, моите најомилени: Продиџи!

Poison (оваа беше прва нивна песна со која продреа до нашата генерација)

Firestarter (прв пат излегов во диско)

Voodoo people (е сега.. не ми текнува по што е значајна оваа песна)

27 August, 2008 Posted by detlic | Култура, Урбан | | No Comments Yet

Добро ви дојдов,во добро ве најдов

Камбаанта, к`це – кој знаа за ШО.

камбаанта к`це – за секој од нас.

к`ц, к`ц, к`ц . . . за секој ден.

17 August, 2008 Posted by pcelkata | откач | | No Comments Yet

Два факта и еден проблем

Факт 1:
Краставицата содржи 98% вода и 2% останати суви материи. Морската вода на Средоземното море содржи 96% вода и 4% сол.

Факт 2:
Разликата меѓу 1 милион и 1 милијарда е следна: 1 милион секунди е 11 дена, додека 1 милијарда секунди е 32 години.

Проблем 1:
Во продавница има 200 килограми краставици. Според факт 1, краставиците содржат 98% вода, и 2% суви материи. Краставиците не се заштитени и се изложени на надворешни услови, така што во текот на денот, додека продавницата не затворила, краставиците изгубиле од својата свежина; и кога продавачот си отишол, краставиците содржеле 97% вода. Ако во текот на денот, не се продала ниедна краставица, колку килограми краставица останало во продавницата?

Решението на проблемот ќе го објавам во некој од наредните постови.

12 August, 2008 Posted by detlic | бизнис, математика | | No Comments Yet

Спор со името

Не само ние имаме проблем со името.
Или пак можеби масивниов хит е инспириран од нашиот спор?

12 August, 2008 Posted by parist | име, музика, откач | | 1 Comment

Весела математика

Малку ќе се навратам на една тотално глупа вест која ја наслушнав по нашиве медиуми. Наиме, ССМ пресметале дека ако се намали работното време од 40 на 35 часа неделно, дека ќе се зголемела вработеноста во Македонија. И мафтаа со некои математики на кои и дете од 4то одделение кое го запознало комутативниот закон ќе им се смее. Арно ама нашиве медиуми тоа го примија со крајна сериозност како некој врвен предлог. Па анализи, вака било во Шведска, така во Шпанија, не знам како во Данска. Побогу?!
Значи која е сржта на предлогот на ССМ (ќе парафразирам со бројките): имаме 100.000 вработени по 40 работни часа неделно, тоа е еднакво на 4.000.000 работни часови. Кога ќе била работната недела 35 часа, наместо 100.000 вработени ќе треба да имаме 115.000 вработени (4.000.000/35). Као демек само со смена на работното време драстично ќе се зголеми вработеноста (15%).
И право бабите ќе кажат – Ух што се паметни овие, сите внуци право ќе ми се вработат, алал да им е!
А од друга страна што имаме: истиот доход кој го добиваат сега овие првите 100.000 вработени, ќе се подели на 115.000 вработени. Затоа што немаме генерирање на нов доход, туку само прераспределба. Или сликовито, ако една фамилија со 2ца вработени има 30.000 месечен доход, после „реформата“ ќе има 3ца вработени и пак 30.000 доход (и таткото и мајката и синот ќе работат за по 10.000). Така наречено „капа за глава“.
Не сакам да трубам за огромниот процент на работни места кои не трпат смени, а следствено на тоа и не може да функционираат по 7 часа дневно.

Реформа не се гради за ден, тоа е аманет асолен…

11 August, 2008 Posted by parist | линк, откач | | No Comments Yet

Аболиција

Град Скопје имаше план за обнова на Луна-паркот преку јавно-приватно партнерство со фирма што ќе инвестира и ќе стопанисува со него. За таа цел лани во април беше распишан отворен повик, но немаше пријава од ниту една заинтересирана фирма. Отворениот повик беше објавен во сите дневни печатени весници.

Кај се сега МВР? Нели е ова сомнителна зделка? Јавно – приватно партнерство, без тендерска објава во службен весник? Или ќе се чека 2009/2010, период колку што помина, за да се уапси струмичкиот градоначалник.

Ако апсењето на Заев не е политички монтиран процес, владата нека покаже доблест, нека го приведе Трифун Костовски (за оние кои подзаборавија, тој беше и е градоначалник(!?) на град Скопје). За аболиција не е проблем. Го имаме граѓанинот Б. Ц.

11 August, 2008 Posted by detlic | Урбан, бизнис | | No Comments Yet

Падот на Цариград

Ноќта помеѓу 28-ми и 29-ти мај, во Света Софија, патријархот одржува богослужба, пред мноштвото народ, и самиот цар. На 29 мај, 1453, после повеќемесечна опсада, храбро одбивана од војската, Турците успеале да се пробијат низ Керкопорта. Цариградската војска се разбегала од страв. Последниот византиски император, Константин Палеолог останал сам, напуштен од сите. Држејќи го мечот и штитот, императорот извикал: „Остана ли христијанин, кој може да ме замени?“. Но, немало никој да одговори. Непријателите го опколиле, и го убиле со нож од зад грб.

4 August, 2008 Posted by detlic | православна мисла | | No Comments Yet