Сетне…
Ја видов !
Нас`скана да ми ги искорне коските.
Да изигра се што сум ЈАС.
Ме разголи под црниот снег.
ми тегнеше крв под ноктите
и се смееше со црвосаните заби.
Ме бакна
со тие црвосници… и,
ништо не сетив…
Бев во агонија.
Просторот беше гнездо на духови
со ѕвечари вперени во мојот згрчен сурат.
Никој! не виде како ме распартали…
Таму, на влезот каде што си го оставив куферот
во кој што имав се што човек може да собере за волку и кусур години.
Таму да се вратам, таму некој ме чека како снегулка да паднам.
Па сетне, сетне…да си умрам.