Ргд-дгд-дак-дак
Епа, друже, желаем ти честит рожденден.
Кон честитката се придружуваат кумот Спасе, кумата Милица со децата Трајче и Кирчо.
Jakovizija
,, ЈАКОВИЗИЈА ,,
,, Гребаториумот и исвиркариумот за драмопојкадосадорка на Јаковизија за Р. Македонија за нас и БЈРМ за нив што се одржа всашност на ,, Скопски фестивал “ у општина Центар “ и годинава не покани на славје. Пошто буџетот стално и варира на дотичнава ( некад части посно, некад мрсно, некад презачинето ) годинава не почасти со ајвар . Три дена работа за нишо.
На дегустација на ајваро од посредни извори дознав дека планирале да го викаат и Ристо Самарџиев ама овој имал озбилни намери да биде дел од рецептот, па гордо викал од тавата ,, Главата ќе ја дадам , наочарите не ги менувам “
Исто така од блиски извори дознав дека на Џафер пред влез му ја тегнеле јакната ,, абе дај ја “ овој ,, абе не ја давам , ако треба и в скут ќе си ја джам , и онака сум на брзање … а и нешо расеан сум денес , може ќе ми се згреши па ќе треба да ја враќам после. Наводно он го загинал преведувачот по пат за госпжата од жирито шо седеше до него во ,, специјалната ложа“ што мошне молскавично била создадена штом гореспоменаиот прашал ,,абе, кај да ја остаам јакната ?
( ова све било првата вечер у правата тава )
Втората тава ја пропуштив пошо бев кај Ален на дипломска. И вечерта коа ги измешале двете тави ја фатив на крај кога на водителката и се плачеше зашто никој не и кажал да не иде у хаљина на фудбалски натпревар . Видов и како ги прогласија победниците. Победи песната ,, јеееее и јеијеије “ -Едниот од ,, аман , не е тоа Влатче зашто Влатче уствари и нема брат “ од голема возбуда и живост на сцената заборави кога треба да почне да пее. Патем , убо песниче. До душа сценскиот настап беше сведен на едно миговно покажување со прст кон публиката на дел од песната кога пее ,, но ти ( покажува дезориентирано со прстот кон публиката ) си од бога … ама зато на бубњаро – алал да му е , се израдува и за Влатче 1 и за Влатче 2.
И толку бидна. Денес и ставив крај на неупатеноста па ги прегледав нај интригантните, веднага прикачените на нет.
Најспремни ми се сторија ,, Проект Македонија “ . Доколку екипата ја имаат собрано Нокаут алал да им е на досетливоста . Ја зеле Туна за македонските албанци да гласаат за неа. па еден член што народот многу го сака , па двајца членови што народот ама ич не ги сака и направиле група . Планска работа – алал. Франц сигурно не планирал оти ќе биде засенет од Туна затоа немаше кондиција да скока на сцената за да го приметат оти и он е таму, за разлика од тој што беше таму и скокаше па го забележавме.
,,Рум дум дум “ да се разбереме не е за сечии уши . Башка го наковале Наумче да го пее делот каде музиката е во тотална дегресија . Кога прашал ,, кога да почнам да пеам јас? “ му кажале штом ќе заврши Калиопи, кога сакаш – тогаш.
Кога МТВ би снимила ,,Господар на лопатката за мешање ајвар “ ама под ржија на Милчо Манчевски на главното мешање би ја ставила да оди у позадина Рум дум дум. Кога ,,Еднооки“би направиле цртан филм ,, Весели пиперчиња “ предлагам да ја стаат во најава ,, Динг донг дин донг “ ( не за друго , другарот Рок Агресор потсеќа на Стјуи Грифин у подоцнежен стадиум на живот а игра као Наполеон Дајнамајт на почетокот на својата денс кариера ).
Генгста оро ако одеа у Москва прикладно ќе беше да испеат - ја може у свет сум последен ама доле у Македонија су прв.