Tribute to Климатизирано

Два факта и еден проблем

Факт 1:
Краставицата содржи 98% вода и 2% останати суви материи. Морската вода на Средоземното море содржи 96% вода и 4% сол.

Факт 2:
Разликата меѓу 1 милион и 1 милијарда е следна: 1 милион секунди е 11 дена, додека 1 милијарда секунди е 32 години.

Проблем 1:
Во продавница има 200 килограми краставици. Според факт 1, краставиците содржат 98% вода, и 2% суви материи. Краставиците не се заштитени и се изложени на надворешни услови, така што во текот на денот, додека продавницата не затворила, краставиците изгубиле од својата свежина; и кога продавачот си отишол, краставиците содржеле 97% вода. Ако во текот на денот, не се продала ниедна краставица, колку килограми краставица останало во продавницата?

Решението на проблемот ќе го објавам во некој од наредните постови.

12 August, 2008 Posted by detlic | бизнис, математика | | No Comments Yet

Аболиција

Град Скопје имаше план за обнова на Луна-паркот преку јавно-приватно партнерство со фирма што ќе инвестира и ќе стопанисува со него. За таа цел лани во април беше распишан отворен повик, но немаше пријава од ниту една заинтересирана фирма. Отворениот повик беше објавен во сите дневни печатени весници.

Кај се сега МВР? Нели е ова сомнителна зделка? Јавно – приватно партнерство, без тендерска објава во службен весник? Или ќе се чека 2009/2010, период колку што помина, за да се уапси струмичкиот градоначалник.

Ако апсењето на Заев не е политички монтиран процес, владата нека покаже доблест, нека го приведе Трифун Костовски (за оние кои подзаборавија, тој беше и е градоначалник(!?) на град Скопје). За аболиција не е проблем. Го имаме граѓанинот Б. Ц.

11 August, 2008 Posted by detlic | Урбан, бизнис | | No Comments Yet

Не ме нервирај!

Ако тебе ти е итно, не ме замарај и мене.

Башка, нели знаеш:

Итно е секогаш кога се доцни!

15 May, 2008 Posted by parist | Урбан, бизнис, откач | | No Comments Yet

Станувам поскап

Пред три години, работев девет месеци па одреден период паузирав. Потоа повторно почнав да работам, и на 1ви април се навршија 9 месеци од втората работа. По направените анализи дојдов до следниот заклучок:

Пред три години успеав да заштедам 66.7% повеќе отколку сега. Ако се земе предвид дека сега инвестирав во домаќинството, и имав големи давачки на факултет, процентот значително се намалува, односно пред три години сум заштедил 17.6% повеќе.

Животот ми поскапел за 17.6%. Станувам се поскап и поскап за одржување. Сакав да утврдам зошто сум наскапнал. Правев уште подетални анализи. Увидов дека ми е зголемена киријата за станот, и како претплатник на мобилен телефон, трошам повеќе пари. Еве, ова го сметам за луксуз, па парите потрошени на ова ги додадов во заштедените. Останаа 11.1%. Не можев да одбијам од ништо друго. Немам други луксузи. Исто трошам како и пред три години.

Заклучок: Цените на производите и услугите наскапнале, а платите останале исти… ај да не генерализирам, ова важи за мене.

4 April, 2008 Posted by detlic | бизнис | | No Comments Yet

Go to the Diplomas…

Климатизирано неделава го носи називот The Diplomas’.

ВЛан мрежа. 3 лаптопи 2 десктопи 1 телевизор.

Петок прва закажана забава. Во 14.00.

Наскоро ќе следува повеќе…

11 December, 2007 Posted by parist | Урбан, бизнис | | No Comments Yet

Проста Математика

Главно јадење 110 денари, Салата + Леб 110 денари!!!

Цените се од Бристол!

24 July, 2007 Posted by parist | бизнис, град, катче | | No Comments Yet