Tribute to Климатизирано

Поздрави, желби и честитки

Некако блогов прерасна во медиум за меѓусебно честитање на родендени.
Епа, друже, некако роденденот ти се поклопи со многу работи: еден ден после Младенци, еден ден после изборите, два дена пред битната работа што ја имаше. Да не должам многу, честит роденден ти пожелуваат членовите на Kлиматизирано и нивниот ужи круг.

25 March, 2009 Posted by detlic | Урбан, катче, откач, членови | | No Comments Yet

Ргд-дгд-дак-дак

Епа, друже, желаем ти честит рожденден. :)

Кон честитката се придружуваат кумот Спасе, кумата Милица со децата Трајче и Кирчо.

27 February, 2009 Posted by detlic | Урбан, катче, откач, празник, членови | | No Comments Yet

Сетне…

Ја видов !

Нас`скана  да ми ги искорне коските.

Да изигра се што сум ЈАС.

Ме разголи под црниот снег.

ми тегнеше крв под ноктите

и се смееше со црвосаните заби.

Ме бакна

со тие црвосници… и,

ништо не сетив…

Бев во агонија.

Просторот беше гнездо на духови

со ѕвечари вперени во мојот згрчен сурат.

Никој! не виде како ме распартали…

Таму, на влезот каде што си го оставив куферот

во кој што имав се што човек може да собере за волку и  кусур години.

Таму  да се вратам, таму некој ме чека како снегулка да паднам.

Па сетне, сетне…да си умрам.

20 October, 2008 Posted by pcelkata | катче | | No Comments Yet

Дипломирам?

Па.. ќе видиме утре, 14 часот, долна зграда.

23 April, 2008 Posted by detlic | Урбан, катче | | No Comments Yet

Снешко

За нашите верни читатели, следува една прикаска која ни се случи овој викенд:

Во петок навечер, сите бевме коматозни. Секако, не од алкохол, дрога, кафе, цигари и други слични ним пороци! Едноставно, бевме преморени, и сите си легнавме рано (не покасно од 22 часот).

Сабајлето се разбудивме, и што ли не ќе видиме!
sta44907.jpg
Снег! После две години, повторно гледаме снег! Радости, целиви, честитки, ајде, глобал уорминг поминал, за убо, за арно…

Направивме и снешко!
sta44899.jpg

Е сега, во очекување сме вечерва да наврне снег, па до снешкото да направиме и една снежица.

16 December, 2007 Posted by detlic | Урбан, град, катче | | No Comments Yet

Честитка

кога секој секако си го сфаќа блогераштвото, и управата на екс-Климатизирано реши да го искористи својот онлајн апартмент, за главен медиум преку кој ќе ја упати следната чесититка:

Шефице, Среќен Роденден!

25 October, 2007 Posted by parist | катче, откач, празник, членови | | No Comments Yet

Награден конкурс

Се случи и тоа! Раководството на Климатизирано се пресели на Водно. Затоа одлучивме да распишеме јавен конкурс за име на новото наше пребивалиште.
Награда: еднодневен престој во новото катче и полудневна прошетка низ Водно.

Перо.

П.С. Сега името на блогов го доби вистинско свое значење.

12 October, 2007 Posted by detlic | катче | | No Comments Yet

Батко Ѓоргија

Специјален поздрав до Љубето Вајсто :)

15 August, 2007 Posted by detlic | катче, откач | | No Comments Yet

Проста Математика

Главно јадење 110 денари, Салата + Леб 110 денари!!!

Цените се од Бристол!

24 July, 2007 Posted by parist | бизнис, град, катче | | No Comments Yet