Падот на Цариград
Ноќта помеѓу 28-ми и 29-ти мај, во Света Софија, патријархот одржува богослужба, пред мноштвото народ, и самиот цар. На 29 мај, 1453, после повеќемесечна опсада, храбро одбивана од војската, Турците успеале да се пробијат низ Керкопорта. Цариградската војска се разбегала од страв. Последниот византиски император, Константин Палеолог останал сам, напуштен од сите. Држејќи го мечот и штитот, императорот извикал: „Остана ли христијанин, кој може да ме замени?“. Но, немало никој да одговори. Непријателите го опколиле, и го убиле со нож од зад грб.
Великиот пост
Недела на митарот и фарисејот
Недела на блудниот син (I дел и II дел)
Месопусна недела (недела на Страшниот Суд)
Сиропусна недела (недела на простувањето) со која практично и започнува Великиот пост.
Првата недела од Великиот пост започнува и со тримирот (од понеделник до среда без јадење и пиење) кој завршува со причестување на Преждеосвештената Литургија.
Исто така, во Првата и Четвртата недела од Великот пост се чита Покајниот канон на Свети Андреј Критски, а секој петок се чита Акатист кон Пресвета Богородица.
Литургии има во сабота и недела, а Преждеосвештени Литургии (Литургии на претходно осветените дарови) секоја среда и петок.
Последната недела од постот е Страстната седмица (недела на Страданијата), и Литургии се служат од Велики Четврток до Велика Сабота (која е единствена сабота во годината на која се пости), и конечно, вечерта спроти Велигден, започнуваат Пасхалните химни, кои завршуваат со Воскресна Литургија.
Господ нека ни е напомош, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите Светии. Амин!
Свети Серафим Роуз (Платински)
Родум од Сан Диего, Калифорнија. Извонреден подвижник на 20-тиот век. Ви препорачувам да ја прочитате книгата Not of this world – житието за овој светител. Оригиналот е на англиски јазик; превод на македонски сеуште не сум сретнал. Подолу пренесувам само една мисла од овој светител.

Очигледно, покрај се, најсигурниот пат да принесеш плод за Светото Православие е да се најдеш во тесна, неубедлива, речиси невозможна ситуација, со никаков друг излез – освен молитва, и работа со пот и солзи.
Премногу слобода, преногу пари, премногу можности и премногу идеи – изгледаат многу лесно одвеани со ветрот. Едноставно, му благодариме на Бога за сите наши страданија и обиди – друга надеж за нас нема!
Остров
„Да ты ж меня любишь, отец Иов?“ („Ме љубиш ли отец Јов?“) – во еден момент прашува отец Анатолиј.
Во друг момент, отец Анатолиј вели: „за что Каин, брата своего Авеля убил.“ („Зошо Каин го уби брата си Авел“)
На крајот следи заклучокот: „Да ведь ты меня, не любишь, отец Иов.“ („Ти не ме сакаш, отец Јов“), со што му ја открива лицемерната љубов на Јов.
Во оваа болна состојба денеска, се наоѓаме безмалце повеќето. Нема потреба некој да не запраша: Ме сакаш ли? – зошто денеска, многу лесно е да се констатира: Ти не ме сакаш.
Вечната Авангарда
Се сеќавате ли кога бевме мали, ама сеуште чисти во душата? Кога растевме, што ли не ни се случуваше. Ама, секогаш ќе ги паметиме моментите кога некој се истакнувал во нешто, било во добро или во лошо. Она што беше лошо (лошо во смисла засрамувачко; некое несмасно движење или несмасен збор) го исмевавме, а она што беше добро го љубоморевме. Колку ни се валкаа душите тогаш. Сепак, останува идејата да се биде underground, авангарден, вонвремен, да се избегне од секојдневната тематика на живеење. Тие што не се досетија на таа идеја, останаа повеќе или помалце на дното. Оние што ја сакаа таа идеја, не знаеја како да ја реализираат. Најчесто ја остварувавме во задоволување на нашите страсти (и суети).
Родителите, и тие не можеа да ни помогнат, не знаеја како, оти и тие го поминале нашето детство. Која авангарда ја постигнале тие? За време на прогонот, тие не ја положија авангардата на Светата Тајна – Брак. Денеска… ех, дури страв ми е да кажам. Никој не го осознава Таинството, та повеќето одиме и се венчаваме од помодарство. Да, невестата да го стави велот на лицето – најверојатно инспирирана од филмовите – чека свештеникот да промрмори нешто, и таа да каже I do, а веднаш после така свечено да го дигне велот и да ги чуе зборовите: You may kiss the bride. А какви ли само убави благослови изрекува свештеникот: „…благословени сте како што се благословени Авраам и Сара, благословени сте како што се благословени Исак и Ревека, благословени сте како што се благословени дванаесетте Патријарси… благословени сте како што се благословени Јоаким и Ана…“. После тоа, најверојатно (пак во желба за авангарда – ама пак онаа острастената), ќе се натегаат кој прв ќе го назгазне другиот, како би заповедал над него целиот живот.
Пред некое време, ми кажаа една поинаква авангарда. Замислете, имало авангарда која не била водена од страст: „Нашата рекација треба да биде иста како реакцијата на Христос на Крстот. Јас сум виновен за се. Крај на приказната. Толку! Ако речеш, виновен сум Господи, прости, тогаш ја раскинуваш својата волја. Секоја друга помисла најверојатно ќе биде грешна.“ А тоа е првиот патоказ кон Оној, Кој се смири и безгрешно стана Човек, и без единствен грев, ја прими најсуровата смрт.
А има ли поавангардно од ова? Која мисла на философ, која идеја на научник, која слика на уметник, или звук на композитор беше поавангардно од ова? Која епоха, и кое време? Во своето авангардисување, еден руски уметник наслика совршен бел квадрат, велејќи дека ова е најмногу што може да го досегне човечкиот талант. После ова престана да слика, зошто не можеше да наслика ништо поавангардно. И Бах и Моцарт, во своите авангардни дела, се откажаа од идејата дека ќе го достигнат совршенството на авангардата. А Платон? Тој откри една суштина, што не можеше да си ја разјасни, иако вечно трагаше по одговорот. Павел Флоренски, беше еден од научниците кој ја поистовети геометријата на имагинарните броеви како авангардата која треба да се истражува.
Така почна потрагата по суштествувањето со – Вечната Авангарда!
