ВО ОВОЈ ПОСТ ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБАНИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАВНИНИ ОД НЕКОГАШНИОТ МОЈ БЛОГ ,,ТИШИНАТА САМА ЌЕ ГО РЕЧЕ“ -
21. tisinata sama ke go rece: МРАЗАМ СВАДБИ
Испратено од estarahelamu на 2006-09-25 00:00:58
Не заради младенците- нека си се среќни и весели до каде шо сакаат. Работата е во фрката што ја создаваат останатите протагонисти од драмата во пет чинови . Ме убиваат прашањата од типот: дали ми се гледа прслукот, да не сум предебела во ова, да не ми е на криво левата цицка …
повеќе
22. tisinata sama ke go rece: наркоманска прича
Испратено од estarahelamu на 2006-09-23 21:34:48
не бев се возел брат, од прошлиот викенд – у среда ,уствари. се гнездам ја кај другар ми у гајба а пред тоа онаа негоата “рогоња” ми пизди оти било вторник… не…четвртак- ма шо има везе шо ден беше, ами на тој ден другар ми капсула – така го викаме идел кај со идел секад у тоа време …
повеќе
23. tisinata sama ke go rece: бицепс, трицепс и пот на кило
Испратено од estarahelamu на 2006-09-18 23:51:26
после пола година напорно потење во теретаната ми светна сијаличката ( секако со претходни сугестии) – зошто другарките одат стално нашминкани у теретаната, обавезно со маичка на која пишува хот, а јас во маица со Картман како злобло се смее со својата триаголна му …
повеќе
1. tisinata sama ke go rece: КУРјната на Ајси
Испратено од estarahelamu на 2007-05-04 20:16:19
o
повеќе
2. tisinata sama ke go rece: Дали има некој овде?
Испратено од estarahelamu на 2007-04-13 17:11:52
повеќе
3. tisinata sama ke go rece: Шо се замарам
Испратено од estarahelamu на 2007-04-11 18:38:40
повеќе
4. tisinata sama ke go rece: токата – ама тока без фуги
Испратено од estarahelamu на 2007-04-11 14:39:42
повеќе
5. tisinata sama ke go rece: а,а,ајјјјјеееееееее
Испратено од estarahelamu на 2007-03-29 17:42:25
повеќе
6. tisinata sama ke go rece: НЕМАМ ЕБАН ДЕНАР
Испратено од estarahelamu на 2007-03-02 20:07:13
повеќе
7. tisinata sama ke go rece: КРИМИНАЛ коса
Испратено од estarahelamu на 2007-02-25 19:50:11
повеќе
8. tisinata sama ke go rece: КАРНЕВАЛОТ се случува а јас си седам дома. па зашто да не.
Испратено од estarahelamu на 2007-02-21 00:31:32
повеќе
9. tisinata sama ke go rece: карнивало струмиЧки
Испратено од estarahelamu на 2007-02-19 21:22:31
повеќе
10. tisinata sama ke go rece: така си бууууаттее сите!
Испратено од estarahelamu на 2007-02-16 20:12:50
повеќе
11. tisinata sama ke go rece: ВО ПДДРУМОТ ЧУВАМ
Испратено од estarahelamu на 2006-12-23 15:42:26
повеќе
12. tisinata sama ke go rece: АКО КОПНЕЕТЕ…
Испратено од estarahelamu на 2006-12-23 14:35:17
повеќе
13. tisinata sama ke go rece: имаш и кога немаш
Испратено од estarahelamu на 2006-12-08 21:56:20
Имаш 24 год. и кога немаш 24 изживеани лета; Имаш татко макар и во спомени; Имаш брат макар и кога немаш, зошто ти изигрува татко; Имаш платежна картичка а ни ебан денар на неа; Имаш индекс а си далеку од диплома; Имаш љубов а немаш допир; Имаш сонца и кога се е во магла; Е ТОА Е ВЕЌЕ …
повеќе
14. tisinata sama ke go rece: ПЛАЧКА – АКЧАЛП
Испратено од estarahelamu на 2006-10-23 00:24:42
повеќе
15. tisinata sama ke go rece: БЕГАЧОТ ОД ОЗ
Испратено од estarahelamu на 2006-10-17 03:09:09
Темносините вени немаат ни синевина а не се ни темни. – па какви се да му се сневиди? – на бледата кожа само крваво изгледаат. – па такви и ти требаат, само така ќе си жива. – ама јас не сум живеач јас сум бегач. ( јас убаво си знаев дека треба да бегам, таман да те пецне нешто до с …
повеќе
16. tisinata sama ke go rece: НА ДРУГАРКА МИ
Испратено од estarahelamu на 2006-10-16 01:59:00
Од сабајле, добро де, после дванаесет бев договорена со другарка ми да одиме на еквивалентот на Водно во нашето гратче. За џабе се молев да и цркне телефонот и да не ме буди ама… се качуваме по тоа тесното патче и минуваме покрај мало водопадче. Од раскреканиот глас другарка ми се здоби со некаков …
повеќе
17. tisinata sama ke go rece: биодисел – посвета
Испратено од estarahelamu на 2006-10-09 01:01:46
еј друже. панично се вртам на сите страни гледајки ги сите како наостриле поглед врз мене. а само пред некој ден ги фалев и славев како се тие моите луѓе, моите среќни луѓе. второто име на мајка ми е – параноја. во трета год. на факултет сосем неприметно подивев. бегав од сите. никого не гледав во о …
повеќе
18. tisinata sama ke go rece: ангелите заслужуваат…
Испратено од estarahelamu на 2006-09-29 01:14:23
Престани да се понаШаШ како мало дете. Секоја агресија треба да ја рационализираш на начин на кој тебе ќе ти биде убаво. – значи треба да се фрлам на преуредување на мојата соба или на готвење. – не , фрли се на е..ње мајката на сите. -но јас… немам со Што, ке треба да замолам некој другар за …
повеќе
19. tisinata sama ke go rece: ќЕ ЈА ,,СЕчЕЛЕ,, ВОДАТА
Испратено од estarahelamu на 2006-09-28 01:40:19
ако бе нека ја – се/ат, ние Ќе си се избањаме пред време за цел месец. а Ќе ве зафркнеме и тоа добро заШто ке се отвори уште една економска гранка во македонијава ( додуШа веќе е делумно застапена) . еве за кој бизнис станува муабет: зголемено производство на влажни марамици – миризливи и со о …
повеќе
Кога сите секунди нема да бидат мерка за време!
1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,15,16,17,18,19,20,21,22,23,24,25,26,27,28,29,30,31,32,33,34,35,36,37,38,39,40,41,42,43,44,45,46,47,48,49,50,51,52,53,54,55,56,57,58,59,60,61,62,63,64,65,66,67
Република Македонија Fyrom revisited
Европско првенство во ракомет за жени немаше никаква маркетиншка промоција!
Европско првенство во ракомет за жени немаше туристички понуди до навивачите на земјите учеснички!
Европско првенство во ракомет за жени има супер – дупер јака маскота!
Европско првенство во ракомет за жени го режира Бугарската телевизина!
Европско првенство во ракомет за жени картата е 30 евра за ден, без разлика дали сакаш да одиш на еден или два натпревари!
Еврпско првенство во ракомет за жени се игра во FYR Macedonia!
Јас веќе не се бунтувам кога на некоја манифестација не` омаловажуваат, кога не` претставуваат како ФИРОМ, и кога ни се смеат. Ние сами се ФИРОМИЗИРАВМЕ!!! АМА ТАКА НАЛАГА Е Ха еФ.
НЕ МИ Е ГАЈЛЕ!!!!!!!!!!!! Во такви случаи се бојкотира еврпско првенство во ракомет за жени. Во такви случаи се носат и ЕХФ и ЕП и сите таму кај шо не треба!!! Во такви случаи – како што владата ја тужи Грција и се инатиме за НАТО и све – СЕ ИНАТИМЕ БРЕ!!! НЕМА ЕП додека не не` напишат како шо треба.
Епа, штом сме ФИРОМ, не` заслужуваме ништо, затоа што сме најобични БЕСКИЧМЕЊАЦИ!!!!
ТОЛКУ!
п.с. Овој пост не внимавам ни на граматика, ни на јазик, ниту на ништо, затоа што сум ФИРОМЕЦ, а за таков народ сеуште не пости ниту јазик, ниту синтакса, ниту граматички правила.
Соната за виолина број 9
Сонатата за виолина број 9 е пишувана во А дур повишено. Ја искомпонирал Бетовен во 1802. Сонатата има доста емоционална содржина. Се состои од три дела (во вкупно траење од 37 минути): првото движење е претежно гневно, второто движење е медитациско, а третото движење е весело и богато. Трите дела на сонатата се:
- 1. Adagio sostenuto — Presto — Adagio
- 2. Andante con variazioni
- 3. Presto
Интересно е што крајот првично е компониран за соната за виолина и пиано од порано, Опус 30, број 1, исто така напишана во А дур повишено. Нема да навлегувам во критичкиот дел на објаснување на сонатата. Можам само да кажам дека сонатата е прекрасна. Постојаната игра на виолината и пианото, нивното претекнување, на моменти дури и напнато натпреварување, те доведуваат до исчекување што ќе се случи, притоа оставајќи те во спокој. Едноставно, ги затворате очите и уживате во прекрасните звуци.
Сепак, главниот момент поради кој се решив да пишам, е приказната за настанувањето на оваа соната: Во 1803 година, најпознатиот виртуоз од тоа време, Џорџ Бриџтаур од Лондон (мулат, мајка му била од Полска, а татко му од Индија) отишол во Виена да се види со Бетовен. Почнале да свират заедно, и Бетовен бил воодушевен. Не било за чудење, затоа што Бриџтаур бил со исклучителни музички таланти. Свирел во замокот Виндзор пред кралот Џорџ Трети, и на други познати места во Англија. По барање на Англичанецот, Бетовен се согласил да напише соната за виолина, и двајцата да ја изведат на прочуениот утрински концерт во павилионот Огартен. Скриптурите од сонатата Бетовен му ги дал на Бриџтаур ден пред изведбата. На премиерата се собрала блескава публика, принцови, британскиот амбасадор, и други мецени на музиката.
Во 35иот дел од првото движење, Бетовен напишал ноти за изведба на пиано, кои се протегале низ неколку октави. На тој дел ставил ознака, повторувај! После секое повторување на Бетовен, Бриџтаур истото го исполнувал на виолината. Бетовен го наѕрел погледот од пианото кон својот пријател, со восхит и вчудоневидување, претрчал низ сцената, го гушнал Бриџтауер, се вратил назад и продолжил да свири.
Изведбата била полн погодок. На прославата после изведбата, Бетовен изјавил дека оваа соната за виолина му ја посветува на Бриџтаур. На почетокот од насловната страна на скриптот напишал: Sonata per uno mulaticco lunattico (Соната за чукнат мулат). Подоцна истиот ден, двајцата пријатели пиеле, и Бриџтаур рекол нешто погрдно за некоја жена, познаничка на Бетовен. Бетовен збеснал. Побарал од Бриџтаур да му го врати скриптот, луто викајќи му дека ја повлекува посветата. Уште рекол, наместо тебе, оваа соната му ја посветувам на најголемиот виртуоз по виолина во цела Европа, кој живее во Париз. Бриџтаур го молел Бетовен да се предомисли, но овој бил цврст во својот став. Дури и после недела дена, кога Бриџтаур заминал за Полска во посети роднини, кавгата и раздвоеноста не зараснала. Никогаш повеќе не се сретнале. Бриџтаур пред да се упокои, живеел во сиромаштија во јужен Лондон.
Големите луѓе во своето време, не оставаат длабоки траги во историјата. Кој бил големиот виртуоз од Париз? Се родил во Версај, а починал во Женева. Бил ученик кај татка си, кој пак бил музичар во кралската капела. Овој голем виртуоз свирел како солист до 1810 година, истовремено работел и како професор по виолина на Парискиот конзерваториум. Бил автор на многу техники на свирење, кои биле предавани на конзерваториумот. Исто така, бил главен во Париската опера, а од 1817 година, станал и диригент. Се запознале со Бетовен во 1798 година, пет години пред Бетовен да ја напише сонатата. Кога му ја донеле сонатата, ја прогласил за несвирлива. Рекол дека Бетовен немал разбирање за виолина, и дека Бетовен не може да пишува сонати за виолина, кога никогаш не ни свирел јавно на виолина.
Реков, големите луѓе на своето време, не се паметат многу. Сепак овој останал запаметен, благодарение на Бетовен, поточно, гневот и суетата на Бетовен. Е па, кој е тој човек? Се вика, Рудолф Кројцер, а сонатата и ден денеска е позната како Кројцерова соната.
Дипломирав!
Во 15 часот, навистина во долна зграда